|
СОФТВЕРСКИ РЕШЕНИЈА Ориентацијата на Неоком е да нуди комплетни решенија и ICT опрема по системот “клуч-на-рака”, при што посебен акцент е ставен на банкарството и на анцелариското работење. Софтверскиот развоен тим на Неоком развива и одржува такви системи, при што се користат најсовремените трендови и технологии во развојот, ако UML за дизајнирање и моделирање на системи, GRAPPLE како стандард за водење на софтверски проекти, JAVA, JavaBeans, JSP, XML, Ј2ЕЕ, BC4J , C#, .NET како развојни технологии кои се доверливи и независни од платформата, и Oracle технологиите како најдоверлива платформа за имплементација на апликациите. Покрај искусниот развоен тим, во изведбата на проектите се користат и локалните надворешни ресурси чиј број достигнува над 60 луѓе, и на тој начин Неоком може да се справи и со многу посложени развојни проекти.
Референци: Министерство за надворешни работи на Македонија, МОБИМАК, Тутнска Банка, Фонд за здравство на Македонија итн. СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА Основната стратегија на компанијата е имплементирање и одржување на доверливи системи. Долгогодишното искуство и соработката со врвни светски компании од оваа област, како и стручниот обучен кадар, кој е во чекор со најновите дострели во информатичка технологија, даваат сигурност и гаранција за проектите од ваков тип. Тука спаѓаат: решенија за заштита на системи и податоци, решенија за Стораге архитектура на современите системи итн. Референци: Фонд за здравство на РМ, Министерство за труд и социјална политика, Космофон, Македонска пошта, Електростопанство на РМ, Завод за вработување, Фонд за ПИОМ на РМ, итн. |