Neocom успешно го организираше BitTech 10 на 7.05.2026 во Битола, одбележувајќи 10 години присуство и иновации во регионот.
Настанот се одржа на прекрасната локација Пионерски Дом и ги собра партнерите, клиентите и љубителите на технологијата на еден инспиративен ден посветен на најновите ИТ трендови и решенија.

Посетителите имаа можност да уживаат во одлична пијано изведба, додека ги разгледуваа новите технологии и презентации кои опфатија:
• HP Portfolio Update
• HP AI PC решенија
• Иновации во печатењето
• Poly технологии за соработка
• Нови AI функционалности и интелигентни решенија за работно место

Вештачката интелигенција беше една од централните теми на настанот, покажувајќи како AI станува дел од секојдневните деловни операции и дигиталната трансформација.

Оваа година се одбележуваат и 36 години Service and Support од Neocom — значаен јубилеј кој ја одразува нашата долгорочна посветеност на квалитет, партнерство и технолошка извонредност.

 

Им благодариме на сите учесници, партнери и пријатели кои придонесоа за успехот на BitTech 10.
Веќе со нетрпение го очекуваме BitTech 11.