На 19.04.2023 во просториите на Винарија Попов во Сопот Кавадарци Неоком одржа еднодневен настан со презентации за новитети во портфолиото на услуги и решенија на производителите HPE и Aruba.

На настанот беа поканети корисници и деловни партнери на Неоком, и покрај нашите вработени, презентации одржаа и претставници на HPE и Aruba. Присутните имаа прилика да слушнат новости за сервисните програми Tech Care и Complete Care, HPE складишните системи засновани на HPE Alletra, и HPE Greenlake Edge-to-Cloud платформата, како и да се запознаат со пример на успешна имплементација на Aruba решение во Црна Гора.

Дополнително, за гостите беше организирана детална тура низ винаријата со водич, вклучително во винарската визба и просториите со винарска машинерија, при што имаа прилика да се запознаат со основниот процес на производство на вино и разни факти за Винаријата.