На ден 08.11.2022 година во Hotel Limak Skopje Luxury, одржавме настан на кој присутните корисници и гости имаа можност да се запознаат со најновите решенија на Palo Alto Networks.

Firewall уредите од новата генерација на Palo Alto Networks се најмоќните безбедносни производи моментално достапни за заштита на компјутерските мрежи, како на местото на пристап до Интернет така и во центарот за податоци. Овие уреди работат на принципот на препознавање апликации и проверка на секој пакет мрежна комуникација. Со идентификација на корисникот се создаваат врски и се одредуваат правила кои апликации можат да ги користат конкретните корисници и на кој начин.

Покрај новитетите што можеа да се слушнат за време на презентациите, корисниците имаа можност да се дружат со претставниците на Palo Alto  и во дирекна комуникација со нив да добијат дополнителни информации за производите за кои се заинтересирани.