Во суштина, нашата веб-локација користи колачиња за да Ве разликува од другите посетители и корисници. Ова нѝ помага да ја подобриме веб-локацијата и да Ви овозможиме подобро искуство при пребарување и користење на истата. Колачињата што ги користиме на веб-локацијата може да се категоризираат на следниов начин:
- Неопходни колачиња
- Колачиња за перформанси
- Колачиња за функционалност
- Колачиња за рекламирање
Некои колачиња може да исполнуваат повеќе од една од горенаведените цели.
2.1. Неопходните колачиња Ви овозможуваат да се движите низ одредена веб-локација и да ги користите нејзините основни функции, на пример да пристапувате до безбедни области. Без овие колачиња, не би можеле да Ви бидат обезбедени потребните услуги.
Ние користиме неопходни колачиња за следниве цели:
- идентификување на корисниците и на нивните најави на веб-локацијата
- осигурување дека сте поврзани со правата услуга на веб-локацијата кога вршиме какви било измени во начинот на работа
- за безбедносни цели
2.2. Колачињата за перформанси собираат информации за тоа како ја користите веб-локацијата, на пр. кои страници ги посетувате и дали се соочувате со евентуални грешки. Овие колачиња не собираат никакви информации кои би можеле да Ве идентификуваат лично. Се користат само за подобрување на работењето на веб-локацијата, за добивање увид во интересите на корисниците и за мерење на успешноста на рекламирањето.
Ние користиме колачиња за перформанси за следниве цели:
- веб-аналитика и обезбедување статистички податоци за начинот на којшто корисниците се служат со веб-локацијата, вклучително за бројот на корисници кои разгледале одреден производ или услуга
- испраќање повратни информации до поврзаните субјекти дека некој од нашите посетители ја посетил нивната веб-локација преку нашата
- подобрување на веб-локацијата преку детекција и анализа на сите грешки што им се јавуваат на корисниците
- тестирање различни дизајни на веб-страниците
Со некои од овие колачиња управуваат трети страни во наше име.
2.3. Колачињата за функционалност се користат за обезбедување услуги за корисниците или за паметење на нивните поставки и дејства, со цел подобрување на корисничкото искуство при посета на веб-локацијата.
Ние користиме колачиња за функционалност за следниве цели:
- паметење на поставките кои сте ги примениле, на пр. распоредбата и големината на текстот, боите и разни други преференции
- паметење дали сте се стапиле во интеракција со одредена компонента со еднократна функција на одредена веб-страница, со цел да не Ви се јавува повторно
- паметење дали веќе сме Ве прашале дали сакате да пополните анкета
- прикажување дека сте најавени на веб-локацијата
- обезбедување и прикажување вградени видеосодржини
Со некои од овие колачиња управуваат трети страни во наше име.
2.4. Колачињата за таргетирање се користат за следење на посети на одредена веб-локација, како и други веб-локации, апликации и услуги на интернет, вклучувајќи ги поедините страници кои корисниците ги посетуваат и линковите кои ги следат, со цел да се овозможи прикажување на насочени (таргетирани) реклами на веб-локацијата во прашање.
Ние користиме колачиња за таргетирање за следниве цели:
- прикажување насочени реклами во рамките на нашата веб-локација
- подобрување на начинот на испорака на персонализирани реклами и содржини, како и мерење на успешноста на рекламните кампањи на веб-локацијата