Портфолиото на услуги што ги нуди Неоком опфаќа од продажба на компјутерски хардвер и софтвер, до најкомплексни системи за комуникации и решенија од типот “клуч на рака” наменети како за широка потрошувачка, така и за специфична намена. За да се затвори целиот еко систем, Неоком поседува високо компетентни инжењери кои ја одржуваат корисничката опрема. Инвестицијата низ годините во едукацијата на техничкиот кадар резултира со тоа што Неоком покрај многуте сервисни авторизации денеска е и ХП авторизиран сервисен центар, Самсунг авторизиран центар, и Леново гаранциски авторизиран сервисен центар. Покрај инвестицијата во самите вработени, Неоком континуирано инвестира во професионалноста и имиџот на самата компанија имплементирајќи ги меѓународните стандарди за квалитет.