За нас
Следи не:
© All rights reserved by NEOCOM AD - Skopje
Одделот за развој на софтверски решенија се состои од искусни сертифицирани развивачи на софтверкски решенија, а тимот го координираат искусни Архитекти на Системи и Проектни Менаџери, како и oдговорни лица за квалитет на системите (Quality Assurance Manager). Истиот ги развива и поддржува софтверските решенија преку имплементирање на последните трендови и технологии во софтверското инженерство како што се UML за дизајн и моделирање, SCRUM како парадигма за софтверски развој, JAVA, JavaBeans, JSP, XML и J2EE како развојни технологии кои се сигурни и со независни платформи, како и Microsoft развојните технологии, успешно завршувајќи повеќе проекти.
КЛУЧНИ ПРЕДНОСТИ НА НАШИОТ ТИМ:
ИСКУСТВО – Повеќе од 12 години развојниот тим на Неоком е фокусиран кон проблематиките на Document Management, Content Management, Business Process Management, Records Management и Оffice Collaboration. Неоком како понудувач има големо искуство во областа развој и имплементација на софтверски решенија по нарачка, како и во областа на изработка и имплементација на комплексни информатички решенија по принципот клуч на рака.
ТЕХНОЛОГИЈА – Изработените Софтверски Решениjа се засноваат на водечки светски технологии и платформи. Како такви, нашите софтверски решенија се одликуваат со:
ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ – софтверските решенија овозможуваат ефикасно искористување на хардверските ресурси и брз одзив на апликациите.
СКАЛАБИЛНОСТ – отвореност на софтверски решенија за надградби и справување со порастот на ангажираните ресурси и корисничките потреби.
БЕЗБЕДНОСТ – користените технологии се водечки во областа на безбедноста и заштитата од недозволен пристап.
УПРАВЛИВОСТ – Администраторите на системите во потполност го контролираат процесот на секојдневното користење на софтверските решенија, и имаат голем број на алатки со кои прегледно ја следат работата на системите и овозможуваат подесувања за дополнително подобрување на перформансите според тековните услови.
ДОСТАПНОСТ И ОТПОРНОСТ НА ПАДОВИ – софтверските решенија се дизајнирани да можат да се постават во конфигурации што овозможуваат висока достапност, расположивост со што се зголемува доверливоста на понуденото решение.
СОВРЕМЕНОСТ – дизајнот и имплементацијата на софтверските решенија е во согласност со најновите трендови на развојот во оваа област имплементирајќи концепти како интранет, повеќе-нивоовска архитектура, најнови стандарди.
КОМПЕТЕНТЕН КАДАР – Покрај искуството, нашите вработени се едуцирани и квалификувани во наведените технологии со што се овозможува квалитетна и брза изработка на специфичностите на софтверските решенија, како и можност за ефикасна поддршка и решавање на било какви проблеми и ситуации кои би можеле да настанат во рамките на одржувањето.
Подршката на корисниците на софтверските решенија во текот на гаранцискиот и после гаранцискиот период се реализира преку превентивни контроли на лице место како и воспоставување на оперативен Центар за Помош на Корисниците
Веб ориентираните решенија на Неоком се базирани пред се на Microsoft технологиите и нивните препораки за равој на квалитетни и високо доверливи решенија. Секојдневните промени на технологиите како и нивниот развој наложуваат уште во самиот процес на анализа и дизајн на решенијата да се има в предвид нивната скалабилност и адаптибилност кон новите технологии, но и кон новите бизнис процеси кои се резултат на работата на клиентите.
Неоком своето искуство и доверба кај корисникците го изгради со можноста да понуди и реализира целокупни сложени бизнис решенија. Во комплетните ИТ инфраструктури покрај хардверските решенија, непоходни се и системски и апликатвни софтвери како би можело да се заокружи потребата од брзо, ефикасно и современо работење.
Самиот развој на веб решенијата е изведен со користење на Microsoft Visual Studio како интегрирана развојна околина и најновите верзии на ASP.NET framework. Податочниот модел на решенијата е поставен на Microsoft SQL Server R2 како податочен сервер врз кого се развива податочниот слој кој во зависност од барањата на клиентот и од проблематиката се изведува со некои од шаблоните за податочен слој како Entity Framework, LINQ to Objects, Repository итн.
Квалитетен и стабилен документ менаџмент систем е потребен за секое современо деловно работење особено ако се земе в предвид динамиката на бизнис процесите која е главна карактеристика на нашите клиенти. Денес, крајните корисниците сакаат едноставност во решението кое го користат, со едноставни форми за конфигурација на модулите, додека пак менаџментот има потреба од постојана контрола и потврда за скалабилен и робустен систем за управување со содржини (документи).
Со користење на информациски системи компаниите добиваат квалитетно и стабилно управување со нивните бизнис процеси. Како резултат на долгогодишно користење на такви системи компаниите доаѓаат во ситуација кога имаат премногу складирани податоци кои како такви немаат голема улога во управувањето на компанијата. Со помош на интелигентните решенија и алатки кои ги нуди Неоком таквите долгогодишни и обемни податоци можат да се трансформираат во моќни алатки за носење на одлуки во клучни бизнис моменти.
© All rights reserved by NEOCOM AD - Skopje
Нашата веб-локација користи колачиња, како и пиксели, локално складирање и слични технологии (во комбинација со колачињата, освен ако не е поинаку наведено), со цел да Ве разликува од другите посетители и корисници. Ова нѝ помага да Ви овозможиме подобро корисничко искуство, да ги подобриме своите услуги и да ги персонализираме содржините што Ви се прикажуваат додека ја користите веб-локацијата.
Неопходните колачиња Ви овозможуваат да се движите низ одредена веб-локација и да ги користите нејзините основни функции, на пример да пристапувате до безбедни области.
Без овие колачиња, не би можеле да Ви бидат обезбедени потребните услуги.
If you disable this cookie, we will not be able to save your preferences. This means that every time you visit this website you will need to enable or disable cookies again.
Оваа веб-локација користи колачиња за перформанси и рекламирање со цел прибирање на информации како што се бројот на посетители, најчесто пристапувани веб-страни и слично.
Овозможувањето на овие колачиња нѝ помага да го подобриме корисничкото искуство.
Please enable Strictly Necessary Cookies first so that we can save your preferences!
Веб-локацијата ги користи следните останати колачиња за функционалност и други примени:
- ws.cnetcontent.com - Колачиња кои овозможуваат посетителот да гледа дополнителни информации поврзани со продуктите.
Please enable Strictly Necessary Cookies first so that we can save your preferences!
За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за користење колачиња