Одделот за развој на софтверски решенија се состои од искусни сертифицирани развивачи на софтверкски решенија, а тимот го координираат искусни Архитекти на Системи и Проектни Менаџери, како и oдговорни лица за квалитет на системите (Quality Assurance Manager). Истиот ги развива и поддржува софтверските решенија преку имплементирање на последните трендови и технологии во софтверското инженерство како што се UML за дизајн и моделирање, SCRUM како парадигма за софтверски развој, JAVA, JavaBeans, JSP, XML и J2EE како развојни технологии кои се сигурни и со независни платформи, како и Microsoft развојните технологии, успешно завршувајќи повеќе проекти.
КЛУЧНИ ПРЕДНОСТИ НА НАШИОТ ТИМ:
ИСКУСТВО – Повеќе од 12 години развојниот тим на Неоком е фокусиран кон проблематиките на Document Management, Content Management, Business Process Management, Records Management и Оffice Collaboration. Неоком како понудувач има големо искуство во областа развој и имплементација на софтверски решенија по нарачка, како и во областа на изработка и имплементација на комплексни информатички решенија по принципот клуч на рака.
ТЕХНОЛОГИЈА – Изработените Софтверски Решениjа се засноваат на водечки светски технологии и платформи. Како такви, нашите софтверски решенија се одликуваат со:
ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ – софтверските решенија овозможуваат ефикасно искористување на хардверските ресурси и брз одзив на апликациите.
СКАЛАБИЛНОСТ – отвореност на софтверски решенија за надградби и справување со порастот на ангажираните ресурси и корисничките потреби.
БЕЗБЕДНОСТ – користените технологии се водечки во областа на безбедноста и заштитата од недозволен пристап.
УПРАВЛИВОСТ – Администраторите на системите во потполност го контролираат процесот на секојдневното користење на софтверските решенија, и имаат голем број на алатки со кои прегледно ја следат работата на системите и овозможуваат подесувања за дополнително подобрување на перформансите според тековните услови.
ДОСТАПНОСТ И ОТПОРНОСТ НА ПАДОВИ – софтверските решенија се дизајнирани да можат да се постават во конфигурации што овозможуваат висока достапност, расположивост со што се зголемува доверливоста на понуденото решение.
СОВРЕМЕНОСТ – дизајнот и имплементацијата на софтверските решенија е во согласност со најновите трендови на развојот во оваа област имплементирајќи концепти како интранет, повеќе-нивоовска архитектура, најнови стандарди.
КОМПЕТЕНТЕН КАДАР – Покрај искуството, нашите вработени се едуцирани и квалификувани во наведените технологии со што се овозможува квалитетна и брза изработка на специфичностите на софтверските решенија, како и можност за ефикасна поддршка и решавање на било какви проблеми и ситуации кои би можеле да настанат во рамките на одржувањето.
Подршката на корисниците на софтверските решенија во текот на гаранцискиот и после гаранцискиот период се реализира преку превентивни контроли на лице место како и воспоставување на оперативен Центар за Помош на Корисниците