За нас

Оформен уште во далечната 1990 година како акционерско друштво со целосно македонски капитал, Неоком е една од водечките бизнис ИТ компании. Низ годините се етаблира како репер за останатите ИТ компании на Македонскиот пазар, континуирано инвестирајќи во професионализација и едукација на сопствениот кадар, како и градејќи здрав еко систем со своите клиенти. Партнерствата со голем број на производители на софтвери и ИКТ опрема овозможија Неоком на пазарот да понуди решенија кои најдобро ќе вклопат дури и кај корисниците со специфични потреби.

Портфолиото на услуги што ги нуди Неоком опфаќа од продажба на компјутерски хардвер и софтвер, до најкомплексни системи за комуникации и решенија од типот “клуч на рака” наменети како за широка потрошувачка, така и за специфична намена. За да се затвори целиот еко систем,Неоком поседува високо компетентни инжењери кои ја одржуваат корисничката опрема. Инвестицијата низ годините во едукацијата на техничкиот кадар резултира со тоа што Неоком покрај многуте сервисни авторизации денеска е и ХП авторизиран сервисен центар.

contact

Во 2005-та година, Неоком го оформи Интернет и Телекомуникацискиот оператор Неотел, со што на своите клиенти им овозможи избор во интернет и телекомуникацискиот пазар.

Неоком се наоѓа во Скопје на булевар Кузман Јосифовски Питу 15 во сопствен објект со површина од над 7000m2, во чиј склоп се наоѓа продавницата и е главното седиште на компанијата. Од 2004 година поседува и објект во центарот на Битола, во кој се сместени продажбата и сервисот.

Историја

Мисија

Квалитетни и доверливи решенија базирани на најновите бизнис технологии, нивна имплементација, поддршка и оддржување, преку континуиран мониторинг и надградување.

“Kвалитетни и доверливи решенија базирани на најновите бизнис технологии”

Визија

Нашата визија е да се развиваме на постојан начин и да растеме како главен давател на ИТ услуги за да станеме водечки изведувач, во обезбедување квалитетни решенија за развој на веб и софтвер на конкурентскиот глобален пазар. Нашиот професионален, флексибилен и интегриран процес се рефлектира во она што го правиме. Ние секогаш ги водиме нашите клиенти кон успехот.

Цели

Задоволни корисници, сигурни во услугите и поддршката која им ја нудиме.

Стандарди

Со цел да им се понуди професионална и квалитетна услуга на клиентите, Неоком континуирано инвестира во едукацијата и сертификацијата на своите вработени но во исто време и сертификација на самата компанија според меѓународните ИСО стандарди. Имено Неоком е прва македонска ИТ компанија која се сертифицира според меѓународниот ИСО стандард ISO 9001:2008 уште во 2000-та година.

Членства

Општествена одговорност

Низ годините Неоком континуирано дава поддршка на општественo корисни настани меѓу кои:

      – Охридско Лето

      – Фестивал Браќа Манаки

      – Скопски Џез Фестивал

      – Yes Incubator

      – ФЕИТ Job fair 

      – Македонска Тениска Асоцијација

      – Имплементацијата на меѓународниот стандард ISO 14001:2004