neodoc претставува софтверска “cloud computing” услуга (SaaS) од сопствено производство. Покрај управувањето со документи, neodoc е комплетен систем за управување со бизнис процесите на компаниите, споделување на информации, колаборација и архивско работење. Системот е поставен на високодостапна и скалабилна околина, нудејќи беспрекорно корисничко искуство, од било каде, од било кој уред и во било кое време.

Пребарување

neodoc поседува уникатен систем за пребарување на потребните информации, по име на датотека, содржина во датотеката, како и по нејзините мета податоци.

Безбедност

Околината во која се чуваат податоците е безбедна во поглед на вируси (како на пример cryptolocker), неовластени пристапувања и модификации.

Следливост

При секоја промена на документите истите се верзионираат. Преку интегрираните работни процеси документите никогаш не може да се изгубат или заборават.

Електронска архива

Едноставен и брз пристап до архивираните информации. Деловодник според актуелните законски регулативи со класификација на влезно/излезните документи.