Секоја ИТ инфраструктура треба да биде соодветно третирана, без разлика дали е тоа серверска опрема, мрежна опрема или уреди за безбедност. Со цел воспоставување на комплетна заштита на инфраструктурата потребно е да се земат голем број на фактори во предвид:
- За се гарантира исправно работење на опремата потребно е да се има соодветно изградена просторија со антистатски подигнат под.
- Изведување на соодветна струјна инсталација зависно од моменталните и идните потреби на Вашата компанија.
- Спроведување на пасивна мрежна и оптичка инсталација во датацентарот и надвор од датацентарот.
- Имплементација на наменска климатизација со која се контролира оптимална температура и влажност во воздухот.
- Систем за контролирање на пристап и мониторинг на параметри од датацентарот.
Затоа Неоком со своите искусни инженери може да понуди дизајнирање и планирање на систем сали и датацентри, но и професионално изведување на истите.
За имплементација на систем за контролирање на пристап и мониторинг на параметри од датацентарот, Неоком е во партнерска соработка со AKCP – најстарата и најголемата компанија за решенија за мониторинг на околина, напојување и физичка безбедност.